речник контакт

Победа за ФК Превалец, четврта од четири натпревари во Трета лига Југ

Пораз во последна секунда за ГРК Борец на гостувањето во Гостивар

Петар Печков

Во петтото коло од Третата фудбалска лига Југ, домаќинот ФК Превалец победи со 4:1 (1:0) против екипата на ФК Марена, која е осмопласирана на табелата. Со оваа победа превалчани имаат победничка серија на стартот од првенството, четири настапи четири победи и се втори. А токму в среда гостуваат на првопласираната екипа на ФК Росоман во Росоман, која има еден бод повеќе но и натпревар повеќе.

Во последното 18-то коло од Првата ракометна лига група „А“ екипата на ГРК Борец загуби во Гостивар со 29:30 (17:9) од екипата на РК Јехона, која е петта во група екипи со по 27 бода. Иако на десет минути до крајот, како и во текот на сите 50 минути,  домаќините водеа со 27:22, во финишот велешани израмнија на 29:29 а  во последната секунда гостиварци постигнаа гол за радост и победа.  Натпреварот го одбележаа голем број исклучувања, вкупно 16 (девет кај домаќините и седум кај гостите) и четири црвени картони од кои еден беше за играчите на Јехона, и  тројца за  ракометарите на Борец и сите добија директни црвени картони.По овој пораз ГРК Борец остана 6-то месо со 18 бодови.

Првенството  го продолжуваат во плеј-аут системот, со уште три екипи од оваа група РК Партизан до Гевгелија, РК Шампион Скопје и РК Преспа од Ресен а постигнатите резултати се впишуваат. Ќе играат уште десет кола со екипите од групата „Б“ -РК Македонија ЃП, РК Астраион, РК Металург РА , РК Кичево и  РК Текстилец.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »