речник контакт

Победа за кошаркарите, фудбалерките

Пораз за ракометарите во дербито. В недела дерби Превалец - Победа Јуниор

Петар Печков

Изминатиот спортски викенд  донесе променливи резултати на велешки екипи. Кошаркарите на Борец Баскет  во првото коло од Втората лига, на домашен терен  беа убедливи против екипата на Црн Дрим   од Струга, победија со 86:60.Во второто коло велешани гостуваат во Тетово на екипата на Тетекс ТТК.

Ракометарите на Борец во дербито против Вардар јуниор поразени се во Скопје со  32:24, полувреме 16:12.  Фудбалерките на Борец на гостувањето во Струга победија со 2:1, резултат постигнат уште во првото полувреме. По четири кола велешанки  во Првата  лига се 6-ти со 6 бодови. Во следното коло во Велес доаѓа екипата на  Речица која е седма со 4 бода.

Во деветтото коло од Третата лига југ,  две победи за велешките екипи а во дербито пораз за Превалец. Тој како лидер гостуваше во Неготино против трето пласираната екипа на Вардар,а од кого загуби со 3:1. Сега на врвот се три екипи со по 24 бода, сите со еден пораз а веќе в недела уште едно големо дерби Превалец ја пречекува екипата на  Победа Јуниор, која сега е лидер, втор е Вардар Неготино а трет Превалец. Победи  на домашен терен во ова коло забележаа Бабуна над последниот Варош од Прилеп со 5:2 и Борец 2009 против Партизан од прилепско Обршани со 2:0.  По ова коло Борец 2009 е 6-ти со 10 бодови а Бабуна е 5-та со 12 бода. Во следното коло  Бабуна го пречекува Вардар од Неготино а Борец гостува на 11 Октомври во Прилеп, со кој имаат по 10 бодови.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »