речник контакт

Победа за кошаркарите, ракометарите елиминирани од Купот

Викендов настапија и пингпонгарите на Борец ТИМ кои одиграа две средби

Петар Печков

Во шестото коло од Втората лига, кошаркарите на КК Борец баскет победија и ова е нивна втора победа во првенството. И двте екипи имаа досега по една радост. На домашен терен, во салата Гемиџии, совладана е екипата на КК Тетекс со 72:61 (38:33). Домаќините има контрола на играта и резултатот и запишаа два нови бода.  Во следното коло гостуваат на ланскиот прволигаш Вардар во Скопје.

Во 1/16 од купот на Македонија во ракомет, мажи, во Велес, во салта Гемиџии се сретнаа екипите на ГРК Борец  и суперлигашот РК Тиквеш. Гостите од Кавадарци беа подобри и победија со 26:35 ( 10 :18). Натпреварот беше рамноправен до 20` минута 9:9 а потоа  играта и резултатот ги диктираа гостите.

Се одиграа и натпреварите од Првата пинг понг лига. Велешки Борец ТИМ играше со екипите на Кратово  која нема победа и Крушево кои како и велешани има по една победа и пораз.  Во првиот натпревар Борец ТИМ славеше со максимални 4:0 против екипата на Кратово  а во втората средба доживеа пораз од екипата на Крушево со 2:4.  По овие две кола, 4-то и 5-то Борец ТИМ е  5-ти со две победи и два порази, колку што има и составот на Струга. Во следните две кола, кои се играат следниот викенд  се сретнуваат со составот на Кочани, кој има една победи четири порази и со составот на Дебар маало, кој исто така има една победа и три пoрaзи.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »