речник контакт

Победа за кошаркарите во дербито на Втора лига

Победи за ракометарите, фудбалерите на Борец 1919, порази з фудбалерките, футсал екипта на Велес

Петар Печков

Во кошаркарското дерби на Втората лига, во  14-тото коло Борец Баскет во салата Гемиџии убедливо го порази лидерот 74:54. По оваа победа велешкиот тим останува на третото место со 23 бодови а во следното коло гостува на екипата на Вардар Апаве која е 6-та со 20 бода. 

Започнаа со натпревари и ракометарите.  Екипата на  ГРК Борец во куп славеше сигурна победа над Работник од Битола со 28:20. Така велешани влегоа во следната фаза,каде 16 екипи ќе играат во четири групи, средби кои се играат во средината на април.  И  Борец и Работник  се натпреваруваат во  првата лига, која стартува претстојниот викенд.  Борец гостува на Младост во Богданци, важен натпревар за второто место, оти со победа се враќа надежта дека ракометарите можат да  стигнат до разигрување за пласман во Супер лига. Ова е вистински тест аза можности на екипата на Борец. Кај Младост двајцата најдобри ракометари кариерата ја продолжиле во странство  Во оваа конкуренција Младост е втор а Борец трет со три бодови разлика, додека Вардар Јуниор е далеку напред и лидер.  

Во натпревар од Првата футсал лига, екипата на Велес несреќно загуби во Скопје од екипата на Хедис со 5:4, во последните секунди од средбата.  Ова беше дерби на дното, за избегнување на претпоследното место кое води во разигрување за опстанок.   Стрелци за Велес беа Пашовски  и Адиловиќ по два.  По 21 одиграно коло Велес е 9-ти со 20 бодови, следното коло повторно гостува на екипата на Црна река во Кавадарци.

 Во Првата лига фудбал за жени,екипата на Борец  на гостувањето во Тетово загуби од Речица со 4:1. Домаќинките иако послабо пласирани успеаја да забележат сигурна победа.  Тоа беше средба ан две екипи соседи на табелата 7-мо и 8-мо пласирани.  Следното коло велешанки играат дома со екипата на Топ гол од Битола, која  е претпоследна а Борец по 14 кола е 7-ми со 16 бода.  

 Викендов се играше и  14-тото коло на Третата луга Југ фудбал. Во локалното дерби Борец 1919 ја победи екипата на Бабуна  со 4:1, додека Превалец остана непоразен на гостувањето во прилепско Обршани, одигра1:1 со тимот на Партизан.  По ова  коло Превалец останува на  3-тото место со 29  бода, Борец 1919  на 5-то со 19 а Бабуна паѓа на табелата и е 9-та со 13 бодови од 12 екипи. Во следното коло Борец 1919 гостува во Неготино на екипата на Вардар, која е второпласирана, Превалец дома го пречекува прилепски 11 Октомври а Бабуна исто така дома игра со   Партизан од Обршани кој е четврто пласиран. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »