речник контакт

Победа за кошаркарите за делба на второ место на табелата од Втора лига

Победа и пораз за пингпонгарите, пораз за ракометарите, пораз во дербито во Липково за КМФ Кеги моби

Петар Печков

Кошаркарите на КК Борец баскет ја продолжуваат победничката серија, имаат 11-та 12 натпревари. Овој пат во дербито за висок пласман, се сретнаа со екипата на КК Баскет  Кам, во Македонска Каменица со која го делеа 4-тото место. Велешани славеа со 61:74, откако уште во првата четвртина направиле разлика од 7:18, која ја одржувале и сочувале до крај.  По ова победа КК Борец баскет е на делба на второто место со екипата на КК Вардар а во последното 22 коло од регуларниот дел игра дома со екипата на КК Хераклеа која е последно пласирана.  Потоа првенството продолжува со разигрување за пласман за Прва лига.

Новиот прволигаш во футсал конкуренцијата КМФ Кеги моби, загуби во дербито во Липково, од екипата на КМФ Форца со 7:5. Тоа беше натпревар на прво и втора пласираната екипа на табелата  ов Втората лига а со победата домаќините како и велешани се пласираа во Прва лига. КМФ Кеги моби и натаму  лидер со 43 бода, КМФ Форца има бод помалку но и натпревар помалку.  

Во Првата пинг-понг лига, победа и пораз за екипата на КК Борец Тим, во значаен меч за опстанокот со убедливи 4:0 велешани славеа над екипата на ППК Кратово. И двете екипи имаа по една победа. Во вториот натпревар против составот на ППК Крушево, кој имаше четири победи во првенството,  во неизвесен седум мечеви, славеле крушевчани со 3:4 и тоа во дубл.  По овие две кола, 13-то и 14-то составот на ППК Борец Тим е 7-ми од 8 екипи, со две победи и два натпревари помалку од составот на Кратово кој е шести. Велешани се во зоната за одигрување на бараж  за опстанок. А дали ќе се искачат место погоре ќе биде познато веќе следниот викенд, кога играат со составот на ППК Дебар маало, кој како и ППК Борец Тим имаат две победи. Велешани играат уште едно коло со екипата на ППК Кочани, која е 5-та со пет победи.

Слаб старт на ракометарите на ГРК Борец во разигрувањето за опстанок во Првата лига. Во првите три кола играа со екипи, кои како и велешани беа при врвот а составот на ГРК Боец забележа два порази и едно реми. Во саботата на домашен терен убедливо загуби од екипата на РК Металург РА со 21:35 (9:20) . По ова 11-то коло од разигрувањето ГРК Борец е 4-ти со 16 бода. Толку бодови има и соседот на табелата трето пласираниот РК Партизан 2020 од Кичево, со кого велешани играат следното коло во гости.  

фото КК БОрец баскет ФБ

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »