речник контакт

Победа за кошаркарите на Борец баскет и за КМФ Кеги моби

Порази изминатиот спортски викенд за одбојкарите и за КМФ Велес

Петар Печков

Нов, четврти по ред пораз за одбојкарите нa ГОК Борец во втората фаза од одбојкарското првенство. Во четвртото коло на домашен терен, загубија  максимално 0: 3(16:25, 8:25, 14:25)  од лидерот  Џио Струмица, кој не знае за пораз. Во следното коло, ГОК Борец гостува во Скопје на екипата на ОК Вардар.

Во 13-тото коло од Првата футсал лига, пораз и победа за двете екипи од Велес. Победа забележа КМФ Кеги моби со 4:1 над КМФ Мал Ајакс од Штип и со трите бода се изедначи со екипата на КМФ Велес. Таа загуби дома, со 3:4 од КМФ Арбен Бајрам од Скопје, екипа која е аспирант за првото место и остана на 12 бода.  Во следното коло КМФ Кеги моби гостува на КМФ Карадаку во Куманово кој има седум победи  а КМФ Велес  гостува во Штип на КМФ Мал Ајакс кој е последнопласиран.

Кошаркарите на КК Борец баскет во 11-тото коло од Втората лига Исток, забележаа сигурна и убедлива победа од 105:56, над екипата на КК Ролинг од Струмица, која е последна и без ниту една победа. КК Борец Баскет најавува дека останува во игра за пласман во разигрувањето.  Во следното коло, велешани гостуваат во Македонска Каменица, кај екипата на КК Баскет КАМ, која е во средината на табелата. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »