речник контакт

Победа за кошарките на КК Борец баскет и футсал екипата на КМФ Кеги моби

Пораз за ракометарите

Петар Печков

Кошаркарите на КК Борец баскет со висока победа против кандидатот за првото место во Втората лига. Екипата на  Соколи 1933 од Штип загуби во салта Гемиџии со 81:59   (45:29). Уште по првото полувреме се најави дека велешани ќе бидат надмоќни во овој натпревар, во кој второпласираната екипа на табелата бараше приклучок за врвот. По одиграни 14 кола КК Борец баскет има 20 бода.

Футсал екипата  на КМФ Кеги моби лесно со 0:4 ја совлада екипата на КМФ Кардшлк во Штип и останува на лидерска позиција. Ова беше натпревар од 11-то коло, меѓу првопласираниот и последниот 11-ти  на табелата.

Во првото пролетно коло од Првата ракометна лига група „А“ велешки ГРК Борец загуби во Драчево од истоимената екипа, лидер во првенството,  РК Драчево со 34:37 (15:9). Домашните поведоа со 10:4 во 15-та минута предност која ја одржуваа до крајот на натпреварот. ГРК Борец остана на   6-тото место, од девет екипи,  со 12 бода. Во следното коло велешани се слободни.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »