речник контакт

Победа за одбојкарите

Пораз за ракометарите, започна и првенството во Tретата фудбалска Лига Југ каде се натпреварува ФК Превалец

Петар Печков

Во второто коло од втората фаза за разигрување на одбојкарското првенство екипата на ГОК Борец победи во Тетово против екипата на ОК Лидија со 1:3 (-24,18, -22, -24)Со оваа победа велешани остануваат во трката за првите четири места, кои водат во плеј-оф завршницата за титулата.

Во 15-тото коло на Првата ракометна лига, група „А“ велешките ракометари на ГРК Борец загубија во Скопје од РК Работнички со 27:25 (13:9). Домашните кои беа четврто пласирани со 24 бода, беа постојано во водство. Во финиот ракометарите на ГРК Борец успеаја да намалат на два гола негатива и со кои ги загубија натпреварот. И по ова коло ГРК Борец останата на 6-то место до 15 бода во следното коло, викендот пред нас играат дома со  екипата на РК Шампион кој е претпоследен со 6 бода.

Денес требаше конечно да започне првенството на Третата фудбалска лига Југ. Таму се пријавени 14 екипи, меѓу нив и ФК Превалец, Иако останатите натпревари се одиграа, екипата на ФК Напредок од прилепско Крушеане се јавила дека нема да допатува во Велес. Па така останува Натпреварувачката комисија на Третата лига Југ да одлучи за ова средба.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »