речник контакт

Победа за одбојкарите ОК Борец во Првата лига

Победа за ракометарите на РК Бисинов, пораз за МРК Борец и за кошаркарите на КК Борец баскет

Петар Печков

 
Во деветтото коло од Првата лига, ОК Борец гостуваше во Струмица на екипата на ОК Македонија ЏИО која е последна без победа.  Велешани славеа максимално со 0:3 и  имаат скор од 4 победи и пет порази.  Во следното коло, повторно гостуваат, овој пат на екипата на ОК Весна од Пробиштип , која има   6 победи и три порази.

Кошаркарите на КК Борец баскет се поразени во Скопје од екипата на КК Маџари со 82:58. Висок пораз за велешани во натпревар на две екипи кои го делеа третото место. По ова 9 коло КК Борец баскет е шести со  14 бода а во следното коло го пречекуваат составот на КК Шкупи кој е трет на табелата со 16 бода.

Во Првата ракометна лига се одигра 11 коло. РК Бисинов во група „Б“ забележа нова 10 победа по ред од  24:33 (11.18), против трето пласираната екипа на РК Металург во Скопје. И натаму помладиот велешки лигаш е на врвот без изгубен бод. Во следното коло ново искушение, во Велес гостува екипата на РК Радовиш, единствениот конкурент во оваа конкуренција и се наоѓа на второто место со само еден пораз и тоа од велешани. Во групата „А“ МРК Борец загуби во Ресен од составот на РК Преспа  28:17 (14:5). И натаму постариот лигаш е последен без освоен бод. Во следното коло играат со РК Шампион сој е на 4 место со половичен учинок, по шест победи и порази.  

фото ФБ/ОК Борец

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »