речник контакт

Победа за одбојкарите за врв на табелата, победија и ракометарите и овој пат на гости

Пораз за кошаркарите. ОФМ одлучи да ја прифати жалба на ГОК Борец за натпреварот со ОК Лирија и средбата ќе се преигра

Петар Печков

Победа на одбојкарите на ГОК Борец за врвот на табелата на Првата лига. Со максимални 3:0 во салата Гемиџии во Велес беше совладана екипата на ОК Универзитет Гоце Делчев (18,17,16). Победата и радоста за домаќините во ниту еден момент не беше  доведена во прашање, со што по шест кола со четири  победи се на врвот заедно со ОК Струмица, каде гостуваат следниот викенд, со голема веројатност, како  дерби на колото да биде пренесуван на тв.

Во велешкиот одбојкарски прволигаш дојде ново засилување, и втор Украинец, Роман Волков, универзалец, на 26 години,  како и неговиот  соиграч Азаров кој претходно стана член  во ГОК Борец, бил член на украинската младинска селекција.  

 Натпреварувачката комисија на ОФМ ја прифатила жалбата на ГОК Борец за натпреварот со ОК Лирија, одигран мината недела во Тетово. За потсетување при резултат 1:2 за велешани судијата досудил поен за нив и натпреварот завршил со победа од 1:3. Но по десетина минути, судија  дошол во соблекувалната и барал да се вратат на терен, поради промена на неговата одлука. Велешани се вратиле играле и загубија со 3:2. Но поднесоа жалба оти судија отсвирил крај, жалбата е прифатена и натпреварот помеѓу ОК Лирија и ГОК Борец ќе се одигра од почеток, во дополнително определен термин.

Победија и ракометарите на ГРК Борец во Првата  кои се вратија со три бода од Скопје, каде славеа над екипата на РК Шампион со 22:30 (10:12). Велешани беа постојано во водство, кое го зголемуваа за на крајот да слават со осум гола разлика. Ова е втора победа за велешкиот прволигаш, и двете се на гости. По ова осмо коло ГРК Борец со шест бода останаа на седмото место.  Следното коло, се игра на 21-ви ноември, во Велес гостува четврто пласираната екипа ан РК Јехона од Гостивар која има четири победи и 12 бода. Следниот викенд се играат куп натпреварите, 1/16 во Велес гостува супер лигашот ГРК Тиквеш и се игра на еден добиен натпревар.  

Во петтото коло од Втората лига, кошаркарите на КК Борец баскет загубија во Струмица, од истоимената екипа,  која имаше две победи и два порази, во интересен и возбудлив натпревар  со 88:92. Двете екипи се менувале во водство а домаќините славеле во финишот. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »