речник контакт

Победа за одбојкарите на ГОК Борец во Првата лига

Победа и за кошаркарите на КК Борец баскет во Втора лига, за ракометарите на РК Бисинов во Прва лига

Петар Печков


Одбојкарите на ГОК Борец забележаа прва победа на домашен терен во четвртото коло од Првата лига. Со максимални 3:0 (25: 11; 25:8; 25:9) славеа над скопски ОК Вардар. Така по чети кола имаат де победи и два порази. Во следното коло играат во Тетово со екипата на Универзитет Тетово.  

Кошаркарите на КК Борец баскет победија дома против екипата на КК Мега баскет од Скопје со 69:63. По ова шесто коло, со по три победи и порази, велешани се на делба на четвртото место со пет екипи со по 9 бода.  Во следното коло гостуваат во Куманово кај истоимениот состав кој досега нема победа.

Ракометарите на РК Бисинов продолжуваат со победи во Првата ракометна лига, група „Б“. Во осмото коло на гостувањето во Кичево победија против домашниот тим на РК Кичево со 22:32 (14:21) кој досега имаше две победи. По ова коло помладиот велешки тим има седум победи од седум натпревари, лигата брои седум екипи.  Постариот лигаш МКР Борец  во групата „А“ реди порази, го запиша осмиот по ред, дома од РК Текстилец од Штип со 18:39 (6:21), кој имаше две победи до сега. Во следното коло МКР Борец гостува на РК Астарион во Струмица кој е претпоследен со две победи,  додека РК Бисинов игра дома со РК Македонија ЃП која има две победи.

фото ФБ /ГОК БОрец

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »