речник контакт

Победа за одбојкарите на ОК Борец

Прв бод за ракометарите на РК Бисинов, пораз за МРК Борец и кошаркарите на КК Борец баскет

Петар Печков

Одбојкарите на ГОК Борец ја забележаа втората победа во четвртото коло од Првата одбојкарска лига. Тие на домашен терен славеа над екипата на ОК Сушево од истоименото струмичко село. ГОК Борец – Сушево 3:0 (25:15, 25:19, 25:12). Во следното коло кое се игра в среда, велешани гостуваат на екипата на ОК Шкендија во Тетово.

Во Прваа ракометна лига, ракометарите на РК Бисинов го освоија првиот бод. Одиграа нерешено против екипата на РК Партизан во Кичево 28:28 (14:14).Домаќините досега имаа три победи и исто толку порази.  Помладиот велешки лигаш останува на последното место во групата „А“, но сега со еден бод а во следното коло доаѓа во салата Гемиџии екипата на РК Младост од Богданци, која е второпласирана со 18 бода.  Во групата „Б“ постариот велешки лигаш МКР Борец загуби дома со 20:51 (11:24) од РК Голден арт КЛ7, кој беше трет со пет победи и еден пораз. И натаму  екипата е  последна без освоен бод,   Во следното коло велешани гостуваат во Скопје на екипата на РК Металург РА, кој е 4 место со по три победи и три порази.  

Во четвртото коло од Втората кошаркарска лига, екипа на КК Борец баскет загуби во Охрид од истоимената екипа со 101:75.  Домаќините имаа скор од две победи и еден пораз а велешани и по четири кола немаат победа. По четири кола, велешани имаат исто толку порази а во следното коло, дома играат со скопски КК Вардар, кој го дели врвот со три победи и еден пораз, каков што учинок имат уште три екипи.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »