речник контакт

Победа за пингпонгарите и КМФ Велес

Порази за ракометарите, кошаркарите, фудбалерките и КМФ Кеги моби

Петар Печков

Во локалното футсал  дерби КМФ Велес со убедливи 6:1 славеше над екипата на КМФ Кеги моби и по 17 кола има 21 бод и се наоѓа на седмото место, додека КМФ Кеги моби остана на деветтата позиција од Првата лига

Фудбалерките на ЖФК Борец дома во 19-тото коло загубија од лидерот ЖФК Саса Каменица со 0:2. Веќе в среда се игра вонредно коло, а ЖФК Борец гостува на ЖФК Деспина во Прилеп, кој е третопласиран. велешанки се 10-ти со 19 бода од 15 екипи.

Втор последователен пораз за ракометарите на ГРК Борец кои загубија во Ресен од РК Преспа 2015, која е третопласирана, со 29:22 (15:11). По одлично старт, три последователни  победи велешани забележаа два пораза во низа и се најдоа на  четвртото место во разигрувањето за опстанок. со девет бода. Во следното коло играат со РК Македонија ЃП, која е петта со шест бодови.

Во 16-тото коло од Втората кошаркарска лига исток, КК Борец Баскет  загуби на домашен терен од лидерот - Феникс 2010   од Скопје со     62:66 .Во следното коло гостуваат во Кавадарци на екипата на КК Про басект, која е претпоследна со 17 бодови.  Со победа велешани можат да фатат приклучок во борбата за четвртото место, кое води во разигрување за Прва лига.

Во 10-тото коло од Првата пинг понг лига, екипата на Борец ТИП славеше над фенерџијата Дебар маало со 1:4. Така велешани сега имаат три победи и се петти.

фото Радица Дукова

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »