речник контакт

Победа за разделба

Борец - Куманово 40 : 17 ( 21 : 7)

Петар Печков

Велешани ја реализираа највисоката нивна победа годинава, во последниот натпревар од Супер лигата. Подмладениот јуниорски состав на гостите беше лесен плен за расположените домаќини, кои од минута во минута ја полнеа мрежата на кумановчани. 

Голманот Крстевски со  25 одбрани,  Илиев  со  8, Мачавелов  и Трчков со по  7 и Стојановски со  6 гола беа најдобрите поединци на средбата,  додека  кај кумановчани Кузманоски  и  Трајчевски  со по 4 постигнати гола.

Борец е претпоследен на табелата  и во очекување дали ќе игра бараж за опстанок или  и без него ќе остане член на Супер лигата, во зависност од судбината на Регионалната ракометна лига.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »