речник контакт

Победа за ракометарите, пораз за одбојкарите

Натпреварот на кошаркарите одложен

Петар Печков

Одбојкарите на ГОК Борец загубија на домашен терен, совладани се од екипата на  Универзитет Тетово со максимални  0:3 (16, 12, 24). По ова коло остануваат четврти во втората фаза од државниот шампионат, каде не забележаа победа по шест кола. Првенството продолжува со втор круг, со истите три екипи -дома- гости.

Во второто  коло од Втората лига - ракометарите на ГРК Борец победија дома против екипата на РК Ринија до Гостивар со убедливи 31.20 (12:8). Во натпревар на двете екипи кои има победи на стартот, велешките ракометари забележаа сигурна победа за максимален учинок и шест бодови, колку што има екипата на РК Македонија ЃП: Токму со нив РК Борец игра следното коло.

Натпреварот од 13-тото коло на Втората кошаркарска лига Исток, помеѓу КК Борец- Баскет и КК Струмица е одложен.

Натпреварите од Првата фудбалска лига жени и Првата футсал лига, паузираат поради настапи на репрезентациите.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »