речник контакт

Победа за ракометарите на гостувањето во Скопје

Нерешено одиграа фудбалерките на Борец, поразени футсал екипта на Велес и кошаркарите на Борец Баскет

Петар Печков

Ракометарите на ГРК Борец  во Првата лига, во седмото коло, победија на гостувањето во Скопје, против екипата на Македонија Ѓ.П со уверливи 12 гола предност 29:17 (17:8). Со оваа победа велешани остануваат на третото место а во следното коло, дома ја пречекуваат екипата на Струга.

Кошарка Борец Баскет загуби од лидерот Т-баскет во Тетово со  70:56 во натпревар од Втората лига.  Следно петто коло  велешани ја пречекуваат екипата на Вардар Апаве, која има скор од две победи и еден пораз и е 8-ма од 11 екипи. Борец Баскет  е трети заедно со уште пет екипи кои имаат скор две победи,д ва порази.
  
 Во Првата футсал лига, на домашен терен екипата  на Велес, загуби од второпласираната  екипа на Скопје 2011  со  4:5. Така по 8 кола велешани се 7-ми од 10   екипи, со 9 бодови од три победи по осум кола. Следното коло екипата на Велес гостува  во Куманово  на Ројал Илирет, кој  е деветти со 7 бодови.

Женската екипа на  Борец на домашен терен одигра нерешено со струмичка Тиверија Истатов 1:1, со која се соседи на таблета, гостите имаат бод повеќе. Следното осмо  коло, сабота Борец повторно игра на  Градски во Велес против екипата на Младост од  кочанско  Оризари. По седум кола велешанки на табеалта од  Првата  лига  се 5-ти со 10 бодови а гостинките 6-ти со 9. 
 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »