речник контакт

Победа за старт на кошаркарите на КК Борец баскет во Втората лига

Пораз за ракометарите на МРК Борец во Првата лига, РК Бисинов игра утре

Петар Печков

На почетокот на натпреварите од Втората кошаркарска лига, изненадување во Скопје, Велешки КК Борец баскет славеше над КК Работнички, од Скопје, втора екипа на постариот лигаш .  Во „Градски парк“ велешани беа подобри од Работнички (82:75), во натпревар во кој гостите имаа предност и поголема од 20.поени, а во кој Стојковиќ постигна 29. поени, а Митрев и Младеновски имаа по 10. Во второто коло, КК Борец баскет следниот викенд дома игра со екипата на КК Куманово, кој во првото коло доживеа дебакл, пораз од 44 коша разлика од КК Мега баскет.

Ракометарите го одиграа четвртото коло од Првата лига.  Екипата на МРК Борец, наследник на некогашниот првак, загуби во Богданци од РК Младост со 6:54 а во првите 30 минути младите велешани не постигнале гол. Тие се последни без освоен бод  во група „А“ а во следното коло дома играат со екипата на РК Преспа  Вардар кој исто така нема ниту бод.  Во групата „Б“ РК Бисинов натпреварот од ова коло ќе го игра утре, во Свети Николе против РК Овче Поле.

Од следниот викенд започнуваат натпреварите во првата лига пингпонг а екипата на ППК Борец игра со составот на Студент.

 фото ФБ/ КК Борец баскет

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »