речник контакт

Победа за фудбалерките, пораз за фудбалерите

ЖФК БОРЕЦ- ЖФК ИСТАТОВ 4:3 ФК БОРЕЦ – ФК МАКЕДОНИЈА ЃП 0:1

Петар Печков

Фудбалерите нa Борец безнадежно одат кон Втора лига. Порази во низа, никако да се зголеми скормното салдо и по ова 24-то коло. Дома на Градски се поразени со  0:1 (0:1) од четврто пласираната на табелата ФК Македонија ЃП. Скопјани единствениот гол го постигнаа во 4-та минута од Атанаскоски. И натаму велешани се претпоследни 11-ти , со само 13 бода. Следното коло се игра на 3-ти април, поради репрезентативните обвски. Тогаш ФК Борец гостува на екипата на ФК Шкеднија во Тетово, која е трета.

Фудбалерките на ЖФК Борец  дома славеа со 4:3 (1:1) над екипата на ЖФК Истатов, која е седмопласирана.   Во интересен и возвудлив натпревар, ефикасен со седум гола, домаќинките се радуваа. Натпреварот беше мошне интересен во првиот дел од второт полувреме кога се постигнаа пет гола. Велешанки поведуваа а гостинките од Струмцица бргу израмнуваа. Двата гола на ЖФК Борец, третиот и четвртиот беа по грешка на гостинската голманка. Третиот беше постигнат од 35-40 метри далечина по средината а последниот откосо од лево од 20-тина метри. По ова 14-то коло ЖФК Борец останува на 5-то место но има27 бода. Во следното играат во Струмица со кандидатот за првак ЖФК Тиверија, од кого загубија есеноса дома.

фото Радица Дукова

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »