речник контакт

Победа за фудбалерките, футсал екипата и фудбалерите на Борец

Порази за ракометарите и одбојкарите.

Петар Печков

Фудбалерките  на Борец со високи 10:1 победија во Cкопје против екипата на Њујорк , која го дели претпоследното место на табелата без бод но со многу примени голови. По ова   7-мо коло, велешанки се трети со 15 годови. И во следното коло гостуваат, овој пат во Битола против  екипата  на Топ гол, која е деветта  со две победи и 6 бодови.  

Футсал екипата на Велес на гостувањето во Скопје против Железарец победи со 3:7.. Така велешани ја продолжуваат победничката серија по 8 кола и се на врвот, лидери, без загубен бод и со натпревар повеќе од второпласираниот Шкупи. Откако прекинатата средба од претходното коло, дербито на  есента Велес – Шкупи, ФФМ го регистрира со служен резултат 3:0 за КМФ Велес.  Во следното коло КМФ Велес ја пречекува екипата на  Мал Ајакс од Штип, која е  шеста со девет бодови. 

Фудбалерите на Борец 1919 славеа во дербито во Штип, против Брегалница со 2.1 со гол во судиското продолжение, како што штипјани во првата средба  во  Велес  извлекоа реми.  Со голот на Здравков во 6-тат минута домаќинот поведе а велешани за само една  минута израмнија преку   Пановски. Радоста  и трите бода ги донесе  Каланоски. По 12 кола ФК Борец 1919 е втор со 23бода, пред Брегалница и Кожуф со по 22 но велешани со натпревар повеќе, додека лидер е Беласица со 29 бодови.     Веќе в сабота ново големо дерби  Борец – Кожуф, на Градски во 13ч.  

Ракометарите на Борец на гостувањето кај соседот на табелата во Радовиш, со која имаа по 7 бодови загубија од истоимената екипа  со   25:21 (11:7). Предноста стекната во вториот дел од првите 30 минути, беше решавачка за победникот. Домаќинот четирите гола водство ги сочува до 60-тат минута и победи, за три бодови.  Ордев со 6 и Илиев со  пет гола се најефикасни во редовите на Борец а Левов со 6 кај Радовиш. По ова  8-мо коло  ГРК Борец е 6-ти и следното коло сабота ја пречекува екипата на  Металург 2, која е претпоследна со 4 бода.   

Одбојкарите на Борец во Струмица, против шампионот загубија со 3:0 во второто коло од првенството. Иако резултатот покажува дека е максимален, сите три сета домаќинот ги  добил на разлика 25:23, 29;27, 25;22 и тоа по голема борба во која одлучувале нијанси а велешани немале доволно концентрација з а да направат пресврт и тие да слават. Веќе средеа се игра следното коло, кога Борец е слободен а в сабота го пречекува тимот на Лирија од Тетово. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »