речник контакт

Победа за фудбалерките, футсал екипата на Велес

Фудбалерите на Борец се вратија на второто место во втората лига Исток кое носи баараж за пласман во Прва лига. Порази за одбојкарите

Петар Печков

Изминатиот спортски викенд донесе повеќе радости и победи на велешките екипи. Футсал екипата на КМФ Велес продолжува во победничката серија во Првата лига и е се поблизу до освојувањето на титулата првак. Во Тетово победија со 10:0, како гостин над претпоследно пласираниот состав на СЕЕУ Универзитет. По ова 22 коло разликата е четири бода предност за велешани над Шкупи со кого играат во последното коло во Велес, откако  ова коло шампионот беше слободен.  Во следното коло КМФ Велес  е слободен.  

Во 15-тото коло од Првата женска лига во фудбал, велешанки на гостувањето во Мала Речица на истоимениот тим,  победија тесно со 3:4 против 10-то пласираниот состав на табелата. Борец останува трет со  31 бод а во следното коло го пречекува последно пласираниот тим на Њу Јорк, кој досега нема ниту бод.

Одбојкарите на ГОК Борец со максимален пораз дома од 0:3 (-10, -22,-15) го завршија првенството. Ова беше последно 18 коло а продолжува разигрувањето за првак. Велешани тргнаа со големи амбиции полу етапата  ја завршија втори со еден пораз, но откако добија осетно помал буџет за оваа сезона, од екипата заминаа засилувањата  па на крај се пласираа како петти од девет екипи во оваа конкуренција.

Фудбалерите на Борец во Валандово победија со убедливи 0:5 против домаќинот Победа. Тие како рекреативци беа лесна задача за младата велешка екипа, која стигна лесно до висока победа. Со ремито на штипска Брегалница во Кочани, кој за еден месец во два натпревари на Градски го намачи Борец, сега открадна бод на штипјани. Осогово и Брегалница одиграа без голови 0:0 резлутат кој му ја донесе втората позиција на Борец 1919  со  38 бода еден  повеќе од Брегалница која има 37. Во утрешното вонредно коло Борец е слободен и се очекува Брегалница со натпревар повеќе да биде пред велешани.

Во претпоследното 17-то коло на Третата, најниска кошаркарска лига, Борец баскет славеше со еден поен предност во Македонска Каменцица против Баскет Кам со 53:54. Ова беше натпревар на две екипи соседи на табелата и радоста ја добија гостите, велешките кошаркари кои сега имаат 26 бода и се шести. Во последното коло Борец Баскет игра против второпласираниот тим на Партизан Мулти шпед од Скопје кој има само 4 порази. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »