речник контакт

Победа за футсал екипата на Велес, пораз за ракометарите

ФК Борец 1919 победи во дербито на Третата лига Југ во Валандово

Петар Печков

Во претпоследното коло од Првата футсал лига, дома во салата Гемиџии екипата на Велес со 11:4 го совлада актуелниот првак Железарец од Скопје. Така во  пресрет на последното коло, велешани се втори, три бода помалку од  екипата на Шкупи.  А токму со скопјани, на  нивен  терен сабота,  ќе се  решава прашањето за победникот на првенството.  Во двете одиграни натпревари првиот игран  во Велес заврши без победник, додека тој во Скопје    победи домаќинот. На КМФ  Велес му е потребна победа за  да биде нов првак, со што плановите  пред почетокот од првенството кој  управата ги најави ќе се реализираат.  

Ракометарите забележаа нов пораз во плеј оф разигрувањето за титулата првак. Дома  во салата Гемиџии, во седмото коло  загубија од  екипата на Охрид со 27:33 ( 12:15) кој досега имаа три победи.    Силниот почеток на гостите кои поведоа со 1:6, 3:9  а предноста ја одржува до првите минути од второто полувреме кога домаќините намалија на само минус еден  16:17. Гол за гол се  играше до 50 минута  22:23, кога Охрид се одлепува   со серија 5:0 и го решава прашањето за  победникот.  Така по седум  кола ГРК Борец е последен без бод.  Стојановски со седум гола беше најпрецизен кај Борец а Кобетиќ кај гостите со 10 гола.  Во следното коло  на 25 мај Борец гостува во Битола на Еруофарм работник. 

Викендов се одигра претпоследното коло од Третата лига Југ. Борец 1919 во дербито со трето пласираниот тим на Победа Валандово  со 2:3. Велешани покажаа дека се поквалитетен тим од домаќините кои исто така се селат во Втора лига.  Превалец дома со убедливи 5:0 го совлада соседот на табелата петто пласираниот Напредок од прилепско Крушеане.    Гемиџии неочекувано на Градски загубија од Питу Гули од Крушево кој се бори за опстанок.  

По ова кола Борец остана втор, Превалец  четврти а Гемиџии се осми со 28 бода. Во последното коло Борец дома игра со  Зорбас Победа од Миравци која е 12-та со обезбеден опстанок , Гемиџии гостува на  соседот од табелата седмиот Партизан од Обршани.   Првенството во оваа конкуренција за ФК Превалец заврши, оти во последното коло се слободни.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »