речник контакт

Победа за футсал екипата на Велес, пораз за ракометарите

Ракометарите беа на прагот на изненадување во Прилеп

Петар Печков

Се намалуваат настапите на в велешките екипи,  во најквалитетните друштво како се  ближи крајот на  годината . Викендов настапија две екипи. Фудбалерите  на  Велес во Првата футсал лига, победија во Скопје, против истоимената екипа со 5:3.

Домаќините се последни без бод а велешани квалитетот успеаја да го реализираат со победа. Така по е есенскиот дел и деветтото коло, футсал екипата на Велес се најде на 8-то место до 10 бодови. Првенството продолжува  напролет.

Во Супер лигата, ракометарите на ГРК  Борец не успеаја да направат изненадување во прилеп, проти истоимената екипа./ Велешани во 55-тата минута израмнија на 24:24 и имаа напад за водство, но не г о реализираа. Домаќините до крајот беа ефикасни и сите напади постигнаа гол, додека велешани останаа на 24, за конечни 28:24.  

Кај домаќините по 7 гола постигнаа Ангеловски и Талевски, додека кај ГРК Борец 9, од кои 5 од седум метри имаше Стојановски и  5 Мачавелов. Следното коло велешани, в  сабота ја пречекуваат екипата на Пролет  62 која е сосед на табелата  и можност по  два месеци велешани да победат.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »