речник контакт

Победа на гости за КМФ Кеги моби во првата футсал лига

ФК Борец загуби дома од ФК Карорман

Петар Печков

Во петто коло од Првата футсал лига, екипата на КМФ Кеги моби победи во Кавадарци, против екипата на КМФ Црна река. Резултатот беше 2:6 (1:3). По ова коло велешани имаат 9 бода, од три победи и два порази. Во следното коло гостуваат во Липково, на екипата на КМФ Липково.

Во Втората фудбалска лига, ништо ново, десетти пораз по ред за велeшани. И тоа на домашен терен. Овој пат подобри од ФК Борец беа фудбалерите на ФК Караорман, кој беа 10-ти. Стружани бодовите ги носат по победата (0:2) која ја реализираа во второто полувреме со двата гола.  Во следното коло гостуваат во Скопје, на екипата на ФК Локомотива, која е  13 со 10 бода. Велешани и натаму се последни  на табелата  без освоен бод.  

фото Радица Дукова

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »