речник контакт

Победа на ракометарите на ГРК Борец за крај на сезоната

Пингпонгарите на Боpец ТИМ и следната сезона прволигаши

Петар Печков

Ракометарите на ГРК Борец со победа се разделија од годинашната сезона. Тие дома го победија тимот на РК Партизан од Гевгелија, кој е шесто пласиран од осум екипи. Велешани со одличната игра на Мачавелов славеа со 24:19 иако полувремето го губеа со 8:11. По 14 кола и завршувањето на останатите натпревари, од разигрувањето за опстанок ГК Борец е трет, во група од три екипи со по 27 бода, но меѓусебните натпревари одлучија РК Делчево да е втор а РК Тексилец од Штип четврти.

 Неделава требаше да се игра разигрување за опстанок во Првата пинг понг лига, каде учесник беше и велешки  Борец ТИМ, но откако поради откажувањето на ППК Винспин од Виница изостанаа бараж натпреварите. Така што Борец Тим, Крива Паланка и Зегин Берово во следната сезона ќе се натпреваруваат во Првата лига. Ова е второ по ранг натпреварување во пингпонгарската конкуренција, после Супер лигата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »