речник контакт

Победи за кошаркарите и фудбалерките

Во локалното фудбалско дерби Превалец го совлада Борец 1919 во Трета лига Југ

Петар Печков

Женската фудбалска екипа на Борец на домашен терен победи против - Ас Јунајтед  од Струга 2:0 во натпревар од Првата лига. Така  Борец се изедначи со по 16 бодови со гостинките и е  на делба на 6-тото и 7-мото место. Следното  14-то коло женската екипа на Борец  гостува на Речица во Тетово, која е 8-ма со 10 бодови.  

 Кошаркарите на Борец Баскет победија во Битола против Пелистер со 76:77. Во изедначен и возбудлив финиш велешани во продолжение  стигнаа до победата, над шесто пласираната екипа,    со што  се зацврстија на третото место со 21 бод.     Во следното коло е дербито Борец ја пречекува првопласираната екипа на Т- баскет која досега по 13 кола има еден пораз .

Изминатиот викенд се одиграа и натпреварите од Третата фудбалска лига Југ. Во општинското дерби во Превалец, истоимената екипа го победи Борец 1919  со 2:1, додека Бабуна одигра нерешено во борбата за опстанок со Горно Коњари 2:2.

Така Превалец по 13 кола останува трет со 28 бода, Борец 1919  е на истата петта позиција како пред седум дена  со  16 бодови  а Бабуна е 8-ма од 11 екипи со 13 бода.

Во следното коло повторно локално дерби,    Борец 1919 ја пречекува  Бабуна а Превалец во соседското дерби на 3-то и 4-то пласираниот  гостува на Партизан од прилепско Обршани. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »