речник контакт

Победи за ракометарите и за разделба со кошаркарите

Заврши првенството на Третата лига Југ, Бабуна се се сели во Општинска лига

Петар Печков

Кошаркарите на Борец Баскет со победа го завршија натпреварувањето во Втората лига. Тие со  75:60 ја победија екипата на  Дино Баскет, која е последно пласирана. Со тоа велешките кошаркари завршија на четвртото место, со ист број бодови како двете пред нив пласирани екипи на Бест и Радовиш, но со послаба кош разлика. 

 Ракометарите на ГРК Борец се зацврстуваат на второто место во Првата  лига,  откако забележаа нова победа на домашен терен против екипата на  Македонија Ѓ.П.со  35:26 (19:13). Така  се поблиску е целта, разигрувњето за пласман во Супер лигата.

Заврши првенството и на  Третата фудбалска лига Југ. Победа за Превалец од 6:2 против екипата на Млекар. Со оваа победа им овозможија на фудбалерите на Бабуна доколку го победија лидерот Победа од Прилеп, во Велес, тие да останат во лигата. Но гостите беа пресилен противник и славеа со 3:0 со   што Бабуна остана претпоследна, 11-та со 20 бода, и од есен ќе игра во  Општинска лига. Борец 1919 на гостувањето во Дојран, загуби од Дојранско езеро со 3:1, со што на крајот го освоија   5-тото место со 28 бодови. Најдобро пласирана велешка  екипа во оваа  конкуренција  е Превалец со 42 бода и е трети.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »