речник контакт

Победи за ФК Превалец и за ФК Локомотива од Градско во Трета фудбалска лига Југ

На стартот од Првата футсал лига пораз за ФК Кеги моби. Пораз и за фудбалерките на ЖФК Борец во Втората лига

Петар Печков

Победи за двете екипи од ОФС Велес, кои настапуваат во Третата фудбалска лига Југ.  ФК Превалец славеше дома со 3:2 (2:2)  над екипата на ФК Големо Коњари од истоименото прилепско село.  ФК Локомотива од Градско славеше во прилепско Лажани над екипата на ФК Слога со 1:2 (0:1). ФК Борец беше слободен. Во следното коло, следниот викенд  ФК Превалец гостува во Кривогаштани, прилепско кај екипата на ФК Младост , ФК Борец игра дома со ФК Питу Гули од Крушево,  а во Градско, соседско дерби,  ФК Локомотива игра дома со екипата на ФК Росоман.  

Женската екипа на ЖФК Борец загуби дома со 0:6 против ЖФК Кочани и по двата добри резултати на стартот од Вторат лига,  следните два натпревари беа убедливо поразени. По четири одиграни натпревари екипата на  ЖФК Борец е петта од осум екипи,  со 4 освоени  бода.

Започнаа натпреварите од Првата футсал лига. КМФ Кеги моби загуби од КМФ Железарец со 5:4 (4:0). Во следното велешани играат со КФМ Карадаку од Липково. 

фото ФБ/ФК Превалец

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »