речник контакт

Победи за кошаркарите, ракометарите и за ФК Превалец

Успешен викенд ако се земе во предвид дека вчера конечно се радуваа и фудбалерите на прволигашот ФК БОрец

Петар Печков

Кошаркарите на КК Борец баскет со победа го завршија регуларниот дел од првенството на  Втората лига. Во последното коло победија над последно пласираната КК Херакела од Битола со 90:61 ( 48:35). По одигрувањето на сите натпревари од ова коло, ќе биде познати дали велешани ќе бидат 3-ти или 4-ти на табелата и со која екипа ќе играат во разигрувањето за влез во Прва лига.

Ракометарите на ГРК Борец славеа  во Кичево во разигрувањето за опстанок во Првата ракометна лига. Играа со домаќинот РК Партизан и велешани победија со 31:32 (14:14).И тоа со гол од седум метри досуден во последната секунда. Стрелец бил Минов, кој на натпреварот постигнал 12 гола. Натпреварот бил израмнет  во првото полувреме велешани биле во водство додека во вторите 30 минути домаќинот. Тоа беше натпревар на две екипи соседи на табелата кои има по 16 бодови. По ова  12 коло ГРК Борец остана на 3-то место со 19 бодови а во следното во Велес во салата „Гемиџии“ гостува екипата на РК Текстилец од Штип,  која е 8-ма од девет екипи, со 8 бода.

Во 12-тото коло од Третата фудбалска лига Југ, на домашен терен ФК Превалец ја победи екипата на ФК Возарци од Кавадарци со скромни 3:1 (1:0). Противникот досега нема забележано ниту реми и имаше постигнато само 7 гола. Во следното последно 13 коло од првиот круг, ФК Превалец гостува во прилепско Горно Коњари, чија екипа е на 4-тото место. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »