речник контакт

Победи за кошаркарите и ракометарите

Заврши сезоната во фудбалската Трета лига југ

Петар Печков

Кошаркарите на Борец Баскет победија во Втората лига, против екипата на Пелистер до Битола со 77:64. најефикасен на натпреварот беше Петар  Виларов со 32 поени.  По три кола велешани се 3-ти а во следното коло гостуваат повторно во Тетово  на екипата на лидерот Т- баскет, каде пред две седмици тесно загубија од вториот тамошен клуб.
 
Во шестото коло од Првата лига ракомет, екипата на Борец на домашен терен ја победи ХЈС Работник од Битола со 31.16, полувреме 15:10. Велешани досега имаат скор од 3 победи и 2 порази.

Во првата лига за жени, неочекувано екипата на Борец загуби во Битола од последно пласираната Топ гол  со 2:1 и по шест кола велешанки се 5-ти со 9 бодови. Во следното коло, сабота  Борец на домашен терен игра со соседот на табелата четврто пласираната Тиверија  Истатов од Струмица.

Во првата футсал лига екипата на Велес загуби на гостувањето од Биџо Куманово со  7:3. По овој натпревар од седмото коло,  Велес останува на 6-тото место со 9 бодови. Во следното коло дома Велес игра со второпласираната екипа ан Скопје 2011.

 Во Третата лига југ се одигра последното  есенско 11-то коло и изненадување е поразот на екипата на Превалец, кој до пред две кола беше на врвот. Тие загубија во Прилеп од последно пласираната екипа на Млекар  со 1:0. Во Прилеп загуби и Бабуна со 1.0 од лидерот Победа јуниор. На домашен терен славеа фудбалерите на Борец 2009, кои со 3:2 ја победија екипата на Дојранско езеро. По есенскиот дел од првенството на Третата лига југ,  Превалец е трет со  24 бодови, Борец 2009 е шести со 13 бодови и Бабуна е 9-та во 12, на место кое води во ранг подолу.
Првенството продолжува напролет.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »