речник контакт

Победи за кошаркарите на КК Борец и ракометарите на РК Бисинов

Пораз за одбојкарите на ОК Борец во прва лига

Петар Печков

Пораз за одбојкарите на ОК Борец во шестото коло на Првата лига. Дома загубија од лидерот ОК Струмица со 0:3. Гостите кои немаат пораз, стигнаа до максимална победа. По ова коло велешките  одбојкари имаат две победи и четири порази. Во следното коло играат со екипата на ОК Јанта волеј во Скопје која како и велешани има две победи.  

 „Фенерџијата“ во лигата, екипата на Куманово 2009 не пружи силен отпор во дуелот со велешки  КК Борец баскет. Гостите славеа со убедливи 48:71 и фатија приклучок кон првата половина на табелата. Тие се во група од четири  екипи  кои имаат скор од четири победи и три порази, со по 11 бода. Во следното коло токму со една од тие екипи КК Борец баскет игра дома во салата Гемиџии, со КК Соколи.  

Во деветтото коло од Првата ракометна лига група „Б“ , осма победа за РК Бисинов, кој дома славеше со 38:25 (20:13) над екипата на РК Македонија ЃП. Велешани се први без изгубен натпревар а во следното кол, натпревар за тест на можностите на велешани, играат  со РК Металург во Скопје, кој има шест победи. Во групата „А“ ракометарите на МРК Борец утре го играат натпреварот со РК Астраион од Струмица, кој досега има две победи.

фото ФБ/ КК Борец баскет

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »