речник контакт

Победи за одбојкарите, кошаркарите и ракометарите

Победнички викенд за велешките екипи во екипните спортови

Петар Печков

Победа за одбојкарите на ОК Борец во Скопје, во Првата лига,  против екипата на ОК Јанта волеј, со 0:3.  Во натпревар на двете екипи кои имаа по две победи, велешани во тесен резултата по сетови (-25, -24,-30) иако  во подмладен состав, стигнаа од третата победа во првенството и четири порази.  Во следното коло среда играат дома со ОК Шкендија, која има исто така три победи. Подобриот од овој натпревар е со реални шанси да се пласира во првите шест екипи, кои ќе го продолжат првенството во борбата за првак на Македонија.  

Кошаркарите на КК Борец баскет реализираа важна победа на домашен терен, во салата Гемиџии против екипата на КК Соколи од Штип, со 78:60 (31:35). Двете екипи имаа по четири победи и три прози и беа во групата со неколку екипи со по 11 бода. Со подобра игра во второто полувреме велешани стигаа до победа. Така велешани сега се на делба на  третото место, со три екипи со по 13 бода. Во следното коло  КК Борец Баскет гостува на екипата на КК Маџари, со која го дели  третото место.

Во 10 коло од Првата ракометна лига,  група Б екипата на РК Бисинов  ја забележа деветта победа. овој ат дома, против екипата на РК Овче поле со 44:31 ( 21:145). Со тоа продолжува победничката серија, без пораз и ја држи цврсто лидерската позиција. Во следното коло во Скопје гостуваат кај РК Металург РА кој е трет со 6 победи и два порази и тест за можности на РК Бисинов.   Вториот ракометен лигаш МРК Борец забележа уште еден пораз, овој пат дома од екипата на РК Младсост од Гевгелија со 27:47 (9:29). Така останаа последни со 11 порази од 11 натпреври. Во следното коло играат со РК Преспа кој е претпоследен со три победи.

  фото ФБ/КК Борец баскет

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »