речник контакт

Победи за одбојкарите и кошаркарите, реми за футсал екипата

Од следниот викенд стартуваат ракометарите, разигрување за пласман во Супер лигата - КК Бисинов и за опстанок МРК Борец

Петар Печков

Продолжува победничката серија за одбојкарите на ГОК Борец кои дома со 3:1  (25:19, 25:19, 23:25, 25:18)  го совладаа тимот на ОК Сушево. Овие две екипи се соседи на табелата, во разигрувањето за опстанок, но по оваа победа велешани побегнаа со 7 победи и 8 пораза а струмичани имаат пет победи и 10 порази. Во последното коло гостуваат во Скопје на ОК Јанта волеј кој има три победи и 12 порази.

Во натпревар од 12 коло на Првата футсал лига, во Скопје екипата на КМФ Кеги моби одигра нерешено 5:5 со КМФ Бутел. Ова  е прв нерешен резултат за велешани со четири победи и седум пораза и вкупно  13 бода. Во следното коло во Велес гостува екипата на КМФ Форца.


Кошаркарите на КК Борец баскет победија со 66:62а против екипата на МЗ Скопје Уни бамка,а вториот состав на скопски МЗТ. Во израмнет натпревар против четврто пласираниот тим на табелата, велешани стигаа до победа значајна за пласман меѓу првите осум. По ова  16 коло КК Борец баскет е 6-ти со 24 бода. Следното коло гостува на КК Мега баскет , екипа која има 22 бода и е осма.
 
Од следниот викенд започнуваат и натпреварите на ракометарите, разигрување за пласман во Супер лигата - КК Бисинов и за опстанок  МРК Борец.

фото ФБ/ КК Борец баскет

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »