речник контакт

Победи за фудбалерките, футсал и ракометарите

Порази за кошаркарите и сите три фудбалски екипи во Трета лига

Петар Печков

Фудбалерите на футсал екипата на Велес,  во соседското дерби според позицијата на табелата, на домашен терен во ефикасен натпревар  ја победија екипата на Хедис со 8:4. По шест одиграни кола Велес на табелата од првата лига е шести со 9 бодови а следното коло  гостува на 8-мо пласираниот Биџо од Куманово.

Женската екипа на Борец –фудбал на домашен терен победи со 1:0 против екипата на Речица.  Така по пет кола ЖФК Борец во Првата лига е 5-ти со 9 бода а следното коло гостува  во Битола на последниот Топ гол, кон досега нема победа во ова друштво.

Во третата лига, три порази за велешките екипи. Во дербито Победа јуниор го совлада Превалец со 1:0, во второто дерби Бабуна исто така дома загуби од аспирантот за врвот Вардар од Неготино со 2:0 додека Борец 2009 на гостувањето во Прилеп загуби од 11-ти Октомври со 1:0. Така по 1`0 кола се расчисти дилемата за квалитетот на екипите кои атакуваат на врвот, Победа јуниор и Вардар од Неготино се тие што ќе се борат за првото место.  Превалец е трет со 24 бода, Бабуна е 7-ма со 12 и Борец 2009 е 9-ти со 10 бода. Следното коло двете велешки екипи гостуваат во Прилеп,  Бабуна на Победа јуниор,  Превалец на претпоследниот Млекар а Борец 2009  во натпревар за избегнување на опасната зона, дома го пречекува  Дојранско езеро со кого се соседи на табелата.

Кошаркарите на Борец во Втората лига,  на гостувањето во Тетово загубија тесно од Тетекс ТТК со 82:79. Иако во последната минута велешани имале 4 поени предност, на крајот загубиле со 3.  Следното коло дома играат со битолски Пелистер.

Ракометарите на Борец во Првата лига, на домашен терен ја совладаа скопска Ринија М со високи 35:19 (19:11). Голманот Кире Димовски имаше 14 добрани, а најефикасен беше капитенот Зоран Стојановски со 9 постигнати гола. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »