речник контакт

Победија и фудбалерките и кошаркарите

Гостите од Валандово не допатуваа на мегдан во лидерот на Втората футсал лига КМФ Кеги Моби

Петар Печков

Во првото пролетно коло од Првата фудбалска лига - жени, екипата на ЖФК Борец дома на стадионот „Зоран Паунов “ победи со скромни 1:0 над екипата на ЖФК Топ гол од Битола. Гостинките се претпоследни на табелата со само 4 бода и лоша гол разлика а велешанки со овие три бода имаат 24 и се петти исто колку и наредниот противник. Среда гостуваат во Македонска Каменица каде играат со актуелниот шампион ЖФК Каменица САСА.  

Во одлична серија се кошарките на КК Борец Баскет, пет победи од шест натпревари. Тие денес на пладне славеа во Охрид, против истоимената екипа со 85:87 со кош на Брчков во последната секунда од продолжението. Домаќините со 20 бода се осмо пласирани. КК Борец баскет сега има 23 бода а останатите натпревари од ова 15-то коло се играат вечерва и утре.  

Вчеравечер во салата Гемиџии требаше да се игра натпревар од 12-тото коло на Втората футсал лига, помеѓу лидерот КМФ Кеги Моби и КМФ Проект Б од Валандово. Гостите без најава не допатувале во Велес па средбата  се очекува да биде  регистрирана со службени 3:0. Останатите натпревари од ова коло се играат вечерва, утре и в понеделник    

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »