речник контакт

Повардaрската Епархија одбележа четири децении постоење (фото)

На шест лица им беа доделени највисоките црковни одличја Орден за црковни заслуги а беше осветена и административна зграда при црквата Св. Богородица

Петар Печков

Повардарската епархија, викендов прослави 40 години од нејзиното формирање во рамките на возобновената Македонска  православна црква  Охридска.

Се одржа  Божествената Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ по што беа доделени шест највисоки одличја на Повардарската епархија - Орден за црковни заслуги, и тоа на: протоереј-ставрофор Славе Јованов, Ѓорѓи Ристов-Џо, Ристо Давчевски, Благој Чонтев, Славица Ставрева и Веселинка Маџарова-Андова, сите од Велес.

По завршувањето на Литургијата, се изврши чин на осветување на новата административна зграда при црквата „Успение на Пресвета Богородица“ кој го изврши Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

фото: Повардарска Епархија на МПЦ ОА

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »