речник контакт

Повеќе од 300 велешани извршија прегледи на тироидната жлезда

Откриен висок број на случаи со проблеми со тироидната жлезда. Голем интерес, не успеаја сите бесплатно да се прегледаат

Петар Печков

Бесплатниот ехо преглед на тироидната жлезда предизвика голем интерес кај велешани. Повеќе од 300 сограѓани успеаја да ја искористат оваа поволност, но имаше и  некои што мораа да си заминат без преглед.

Мобилното возило со ехо апарат на Виолетовиот караван, со доктори од Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина во Скопје, престојуваше  осум  часа во Велес, пред зградата на театарот. Докторите потенцираат дека нарушената функција на тироидната жлезда  е незабележлива, па затоа луѓето не  ги препознават симптомите.  

Луѓето треба да бидат внимателни кога ќе се јави забрзана или забавена срцева работа,  поспаност или несоница, промени со столицата, измореност,  интензивно потење, треба да се јави на преглед, за да се открие вистинската причина за нашата наручена  здравствена состојба. од досегашната пракса имаме богат наод на тоа што успеваме да го видиме со мобилниот ехо апарат  - изјави д-р  Маја Здравковска од Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина при Медицински Факултет  од Скопје.

Овој Виолетов карвана е во организација на Здружението за борба против ракот ,,Борка,, од Скопје и  тој  посетува вкупно седум градови.  Тоа се места каде што има помал број доктори,  кои можат да вршат прегледи на тироидната жлезда.   Карванот на кампањата е во рамките на  одбележување на Меѓународната  недела за подигање на свеста за тироидната жлезда во период од 23 до 29 мај.  Реакции кај дел од присутните беше тоа што се  прегледуваа пациенти до 50 годишна возраст.

Целта на овој Карван е прегледи да направат помлади лица од 50 години, за да превенираме натамоши  проблеми со  нивната тироидна жлезда. Таа носи асимтпоматски проблеми,  кои долго време се кријат,  а пациентите не се запознати - изјави     Марјан Радеввски од ,,Виолетовиот караван,,.

 Во далеку поголем број на преглед дојдоа жени а мажите можеа на прсти да се избројат. 

Досегашните вакви бесплатни прегледи во неколку града од земајва Струга, Струмица и Велес, покажале исклучително висок интерес кај граѓаните. Карваанот ќе ги посети и Тетово, Кичево, Куманово.  Ова е прва година како се практицира ваков бесплатен  начин на преглед. Кампањата завршува во Скопја на 29 мај.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »