речник контакт

Повеќе од две и пол години Апелација Скопје не расправа за предметот за смртта на родилката Кадиева, која со нејзиното бебе починаа во Гевгелиска болница

Времето го „јаде“ овој случај. По смртта на Маја и бебето почина двајца доктори, едно лице вклучено во истрагата.. вели Димитри Кадиев

Петар Печков

Ниту по шест години од започнувањето на судската постапка, нема правосилна судска одлука за случајот на родилката Маја Кадиева од Дојран. Таа  и нејзиното бебе починаа  на 22 октомври   2015 година при породување со царски рез, во Гевгелиската болница.

На обвинителната клупа седнаа  гинеколозите  струмичаните Венци Чалков  и Дончо Москов,  како и анестезиологот  Томче Ванчев од Гевгелија.  На првото и второто судење, кое се одвиваше во Основен суд Велес,  Москов и Чалков беа ослободени од вина, додека Ванчев доби прво четири години, па по промената на обвинителниот акт дека делото не го сторил со умисла, туку од небрежност, доби една година затвор.

„Апелациониот суд од Скопје од неразбирливи причини, по кој знае кој пат,  го одлага донесувањето на нивна одлука. Последното рочиште беше на 23 декември, па го одложија за 24 јануари. Повеќе од шест години талкаме по судските сали за да добиеме правда  а  неа ја нема. Втората пресуда Велешки суд ја донесе на 19 март  2020 година. Судовите тераат предмети за политика а нас обичните граѓани не заборавија. Каква порака ни испраќаат.    Предметот  во Апелација се одолговлекува, развлекува а случаи кои подоцна се почнати добија правосилни одлуки. Чиј е интересот да се одложува толку многу, не знам “ - реагира Димитрие Кадиев, сопруг на починатата Маја и женското бебе кои се родило и живеело десетина минути.

Тој потенцира дека секако по завршувањето на овој предмет правосилно, правдата ќе ја бара пред Европскиот суд поради  заштита на правото за судење во разумен рок и неразумно долгото  траење.

„Времето го „јаде“ овој случај. Од донесувањето на првостепената пресуда пред две и пол години, овој период почина анестезиологот Ванчев. Претходно почина и другиот анестезиолог Зоран Јовановски, а двајцата  ја воведуваа Маја во анестезија. Јавна тајна во Гевгелија е дека Јовановски се самоуби, има и проштално писмо. Почина и вториот анестезиолог Ванчев. Почина и  лицето кое како инспектор даваше насоки како да се работи, а беше брат на тогашниот директор на болницата. Се случи анестезиолозите, кои биле пијани кога дошле на работа да ја породат со царски рез сопругата,  наместо урина   да  се земе крв, каде според кажаното на судењето, алкохолот се констатира во моментот кога се зема.  На двајцата анестезиолози  им е земено многу подоцна, наместо од урина каде може да се пронајдат траги 24 подоцна. Обвинителството мораше да  вика сведоци кои кажуваа дека анестезиолозите пиеле по кафеани. Сакам да кажам дека има карма“ -додава Кадиев.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »