речник контакт

Повеќе од илјада лица од велешко, над 75 годишна возраст се вакцинираа против ковид-19

Највозрасната група е вакцинирана со „АстраЗенека“ и „Синефарм“

Петар Печков

Се потрошија и дополнителните 250 вакцини за заштита од ковид-19, наменети за жителите   од велешко. Вакцинацијата со кинеската „Синофарм“, која се одвиваше во Здравствен дом Велес,  траеше  пет работни дена и беше наменета за  лица на возраст над 75 години.

 „Потрошени се сите  250 кинески  вакцини, кои ги добивме. Колкав интерес владееше кај највозрасната група, говори што не остана ниту една неискористена. Нема ниту една реакција на досега вакцинираните од повеќе од илјада лица. Можам да кажам дека како изминува времето, има се поголем интерес за вакцинација, без оглед на производителот. Пациентите се вакцинираа преку „Мој термин“ закажан од матичен доктор. Втората доза е по 21 ден и веднаш овие лица  ги известуваме за дополнителниот термин“- рече д-р Пандели Божиков, од Здравствен дом Велес. Кога и со која вакцина ќе продолжи вакцинацијата, ќе знаат  после празниците.    

Претходно  во периодот од 31-и март до 20-ти април, во период од 15 работни дена вакцинирани во Велес, беа 824 лица, исто така над 75 годишна возраст. Сите тие беа вакцинирани со „АстраЗенека“. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »