речник контакт

Повеќе од илјада мотористи два дена се забавуваа со рок концерти и пиво, на 13 мото бич парти на езеро Младост (фото)

За прв пат имаше и трка во која не се вреднуваше брзината, туку кој по споро ќе ја извози патеката

Петар Печков

Два дена езеро Младост и Велес живееја со звукот на моторите и мирисот на октаните. Се одржа 13-тата „Мото бич парти“ на која учествуваа повеќе од илјада мотористи, не само од Велес, туку и од повеќе мото клубови од Македонија но и од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Швајцарија, Хрватска и Косово. 

На плажата  од влезот  на езеро Младост,  две вечери се одржуваа рок концерти на кој настапија групите „Д Чикс“, „Троја“, „Бегдор бенд“ и „Хот лајн бедн“. Традиционално од езерото Младост до Велес, низ градските улици, па повторно до местото на случување, возеа околу илјада мотористи. Новина годинава е што се одржа трка во споро возење.

„Со оваа трка покажавме на дело дека не е се до брзината“ –порачаа организаторите Мото клубот „Носачи на крстот“ од Велес. На оваа трка во споро возење имаше и победници. Во категоријата над 1000 кубици прв беше Мирослав Патчев од Скопје, до 1000 кубици Крумислав Панов од Велес а до 500 кубици Карло Јованов од Велес.

Екипите на ОО на Црвен крст од Велес  изведоа показна вежба за  повреда по несреќа кај мотоциклист.

фото ФБ/Општина Велес

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »