речник контакт

Повеќе оздравени 17, отколку ново заразени -шестмина, денес во велешко

Активни се 227 случаи, во велешка Болница се хоспитализирани 31 пациенти

Петар Печков

Денес, сабота, Министерството за здравство објави дека во велешко има повеќе оздравени лица - 17 и шестмина   ново заразени со ковид-19.   Активни се 227 случаи  а досега се заразиле 3.355 лица.

Бројот на починати од последици на корона вирусот, во велешко е 110  пациенти.

Во велешка Болница се хоспитализирани 31 пациенти, од нив на Инфективно одделение се 28  и тројца  на Интерно.  Од лежечките пациенти  24 се потврдени позитивни, четворица  пациент се сомнителни  и тројца   пациенти се со негативен брис но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се осум  пациенти. Испишан е  еден  пациенти како оздравен со по еден  негативен тест.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »