речник контакт

Повеќе оздравени -41, отколку ново заразени -31 лица во велешко со ковид-19

Активни се 721 случаи, во велешка Болница се 75 хоспитализирани пациенти

Петар Печков

Центарот за јавно здравје Велес објави дека денес, вторник 08-ти декември во велешко има повторно повеќе оздравени, отколку ново заразени со ковид-19. 

Нови случаи се  31  а оздравени се  41.Досега вкупно се заразени - 2.276 а оздравени 1.483. Активни се 721 случаи од нив  651 на домашно лекување. Денес има регистирано два нови смртни случаи.  Бројот на починати по последиците од корона вирусот е 73 пациенти.

Вкупниот број на хоспитализирани пациенти  е 75  од нив 65 потврдени позитивни, седум сомнителни и тројца   со негативни тестови, но со здравствени проблеми.

На кислородна поддршка се 32 пациенти. На  Инфективно се 54 на  Физикално оддление се 15 и на Интерно се шест пациенти.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »