речник контакт

Повеќе оздравени -76, отколку нови случаи-45, починат е еден пациент

Бројот на починати од велешко од последиците на ковид-19 премина преку 300 лица

Петар Печков

Повеќе оздравени отколку ново заразени, изминатите 24 часа во велешко. Министерството за здравство информира дека има оздравен 76 пациент а ново заразени се 45. Бројот на активни случаи во велешко е 314 лица.

Во велешка Болница починат е еден пациент, маж на 74 годишна возраст од Велес, позитивен на ковид-19. Тој е 300-тиот пациент од велешко кој почина од последиците на корона вирусот.

Во трите  ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се 62 пациенти, четворица помалку  од вчера. Hа Инфективно  се згрижени 44, на  Интерно  осум и на Физикално 10. Потврдено позитивни се 43, непотврдени  се четворица  и негативни се 15 но со потреба од болничка нега.

„Примени се четворица  пациенти, испишани со о еден негативен тест се исто така четворица. Еден пациент е трансфериран од Интерно на  Физикално а еден од Инфективно во приватна болница во Скопје. На кислородна поддршка се 25 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол нa Општа Болница Велес.

Слободни кревети на Инфективно има 13 а на Физикално 14.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »