речник контакт

Повеќе оздравени отколку ново заразени во велешко денес

Активни случаи има 216 пациенти , во велешка Болница хоспитализирани се 34 пациенти

Петар Печков

Во велешко денес, среда,  се повеќе оздравени, отколку ново заразени, покажуваат бројките на Министеството за здравство. Денес има 25 оздравени и 20 ново заразени со ковид-91. Со ова бројатаа на активни случаи падна на 216  пациенти а досега се заразиле 3.228 лица. Во велешко има 107 лица починати од последиците на корона вирусот.

Во велешка Болница хоспитализирани  се 34 пациенти, од нив 32 се на Инфективно  одделение а двајца на Интерно.   Од лежечките пациенти  32 се потврдени позитивни  и двајца  пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 13 пациенти. Испишани се двајца  пациенти како оздравени со по еден  негативен тест.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »