речник контакт

Повеќето граѓани на Општина Велес не знаат какви субвенции доделува локална власт

Најголемиот дел од испитаниците, 88 отсто не користеле субвенции последните три години

Петар Печков

Повеќето жители на Општина Велес не знаат дека локалната власт доделува субвенции, за различни програми. Ова е дел од резултати на анкетата која НВО Инфоцентар ја спроведе во неколку општини во земјава, меѓу нив и Велес.

Од 290 анкетирани граѓани,  56 биле жени а 44 мажи.  Најмногу 60 отсто  биле на возраст од 35 до 55 години. Од вкупниот број на испитаници  само една четвртина или 24 отсто знаеле дека Општината доделува субвенции а 52 отсто не знаат каков ди на субвенции се доделуваат. Висок процент, без малку половината 45% не знаат дели постојните субвенции им одговорат на потребите на граѓаните. Повеќе од половината 53% не знаат на кој начин општината ги доделува субвенциите. Една третина од испитаниците сметаат дека доделувањето на субвенциите е транспарентно 34%. Најголемиот дел од испитаниците, 88 отсто не користеле субвенции последните три години. Исто така висок процент 92% од испитаните со став дека граѓаните треба да бидат консултирани за тоа какви субвенции  треба да доделува општината.

Во анкетата на НВО Инфоцентар имало и предлози за идни субвенции . Тоа се за енергетска ефикасност, промена ан азбесни кровови, за огрев. Имало и предлог за поддршка на граѓаните кои ќе вдомат, згрижат бездомно куче. 

Анкетата е спроведена во периодот 12-19 септември

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »