речник контакт

Повеќето од огнометите во Велес се нелегални и непријавени

Досега во Велес, немало проблем и последица при користење на огномет

Петар Печков

Огнометите кои често ги има во градот, повеќето од нив се непријавени. Ова го кажа командирот на ПС Велес, Александар Костов, одговарајќи на советничко прашање од Драган Димески од ПОДЕМ, при разгледувањето на работата на ПС Велес, во првите шест месеци годинава. Дали и колку се почитува законската обврска за огнометите, Костов кажа дека  велешани пиротехниката ја користат, но не пријавуваат.

„Законска обврска е огнометите да се пријават. Ги извршува фирма, која е овластена. Најголем дел од тие што се случуваат во градот не се пријавени. Траат кратко 5-6 минути и додека екипата отиде  на терен, тој завршил и не може да се најде сторителот. Тоа се родендени, приватни забави.  Огнометите од свадбите се пријавуваат. Досега немало проблем  при користење на  огномет, со  пожар или слично. Најголем дел сепак од огнометите се непријавени“ - додаде Костов. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »