речник контакт

Повратници од Малта, следните 14 дена ќе бидат во карантин во хотел Монтенегро

Лицата беа прегледани од стручни лица од велешката Болница

Петар Печков

Од вечерва па во следните 14 дена во хотелот Монтенегро во Велес, во изолација ќе бидат сместени  граѓани на Македонија, кои попладневно се вратија од Малта. По слетувањето на аеродромот во Скопје на авионот од Ла Валета со  118 лица, дел од нив 41 се префрлени во хотелот, каде ќе ги минат следните две седмици во карантин. Тие беа прифатени од страна на екипа  на ЈЗУ Општа Болница Велес и директорот д-р Божидар Бојаџиев. 

 Извршени се здравствени прегледи од страна на екипа од доктор и медицинска техничар од интерното одделение. Направена е епидемиолошка анкета со лицата,  по што секое од нив може да го мине периодот на карантин во хотелот – изјави директорот д-р Бојаџиев, кој беше на лице место да види дали се почитуваат задолжителните протоколи.

За дали се почитува карантинот на лицата во објектот се грижат припадници на СВР Велес и хотелот Монтенегро  е под нивна заштита.  Во него се сместени повратници кои престојуваа на Малта и пројавија желба да се вратат во Македонија. Вечерва или утре наутро се очекува да стигне уше една група на повратници од околу 15 лица од летот од Загреб – Хрватска, која ќе биде сместена во хотелот Монтенегро.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »