речник контакт

Повторно два смртни случаи на лица позитивни на ковид-19

Двете лица, од Велес и Градско починале вчера,понеделник попладне,на Инфективно одделение.Досега во велешко има починато 92 лица од последиците на корона вирусот

Петар Печков


Во велешка Болница регистрирани се нови два смртни случаи, на лица позитивни на ковид-19 а последиците од заразата биле фатални за нив.

Во текот на вчерашниот ден,попладнето, починати се двајца пациенти, жена на 75 годишна возраст од Велес, лекувана два дена на Инфективно одделение и маж на 77 годишна возраст ,од Градско  лекуван два  дена  исто така на Инфективно одделение - соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.
 
После  овие два случаи, бројката на починати лица од велешко, поради последиците на корона вирусот е 92 пациенти.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »