речник контакт

Повторно возовите сообраќаат

По 24 часовен прекин, од понеделникот попладне, железничкито сообраќај нормализран. Велешани здивнаа, можат да патуваат со воз за Скопје

Петар Печков

По 24-часовниот прекин, возовите по Коридорот 10  се движат според вообичаениот возен ред. Во  17.10 часот вчера попладне  тргна деловниот воз од Скопје кон Битола, со што  се нормализира железничкиот сообраќај.

Според директорот на МЖ Транспорт, единствено во близина на железничката станица Рајко Жинзифов, каде што вчера попладне се судрија патнички и товарен воз, возовите ќе се движат со намалена брзина.

За овие 24 часа на прекин, велешани мака  мачеа како да стигнат до Скопје, поради прекин на  железничкиот сообраќај и ограничениот број на автобуси кои можат да ги превезат до главниот град.

Исто толку време во прекин беше и  товарниот сообраќај, транзитните товарни возови од земјите на ЕУ кои возат за Грција, како и на големите македонски компании Макстил и Фени.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »