речник контакт

Повторно повеќе оздравени - 39, отколку ново заразени -32 лица, со ковид-19 во велешко

Почина пациент, маж на 77 годишна возраст потврдено позитивен

Петар Печков

Центарот за јавно здравје Велес денес регистрирал  32 нови случаи со корона вирус, или  вкупно 2.186. Оздравени се 39, или досега  вкупно 1.367. Активни се водат  749  случи во велешко,   679 се на домашно лекувањено, шест во приватни клиники во Скопје,  едно на торако-васкуларна клиника .

Вкупниот број на хоспитализирани пациенти во Велешка Болница  е 67, од нив 54 потврдени позитивни,  десет сомнителни и три  со негативни тестови но со здравствени проблеми,  28 пациенти се на кислородна поддршка.

Вчера попладне починат е маж од Велес на возраст од 77 години хоспитализиран од пред 10 дена, позитивен на ковид. Тој е 71-ва жртва на последиците од вирусот Тројца пациенти испишани со два последователни негативни теста како оздравени. На Инфективно одделение лежат  50, на Физикално осум и на Интерно девет.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »