речник контакт

Повторно висок број ново заразени со ковид-19 во велешко-27

Од 70 згрижени пациенти во велешка Болница, 32 се од Велес, 17 од Свети Николе, 10 од Јаболчишта

Петар Печков

Помалку од половината од згрижените 70  пациенти во трите ковид одделенија од велешка Болница се од Велес - 32,  од Свети Николе се 17, десет од Јаболчишта, по два од Виничани и Градско, и по еден пациент се од Бузалково, Бистрица, Отиштино, Мелница, Ерџелија, Горно Оризари и Црквино.

Од  хоспитализираните 70,   51 се потврдени позитивни,  осум се  сомнителни  и 11 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 33 пациенти. Испишани се двајца пациенти како оздравени со по  еден негативен тест.

На Инфективно  одделение се згрижени  40, на Интерно девет и во  Модуларна болница 21.

И натаму е висок бројот на ново заразени, изминатите се регистрирани 27 случаи од велешко, а оздравени се 21. Бројот на активни случаи е 324.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »